Sunday, September 14, 2014

                                                     

                               Компјутер                                       

Сметач (или компјутер, од англ. computer) е електронски уред кој се користи за обработка на податоци според строго одредена процедура.
Најпрво, обработката на информации со сметачите била ограничена исклучиво на аритметички проблеми, но современите сметачи се користат и за многу задачи неврзани со математика. Оваа дефиниција опфаќа механички уреди како што е шибер, разни механички пресметувачи од абакус па натаму, како и сите современи електронски пресметувачи. Некогаш постоела поделба на аналогни и дигитални електронски сметачи, но со време аналогниот изумрел па денес поимот сметач се однесува исклучиво на дигитален сметач. Современите пресметувачи (сметачи) се појавиле во педесеттите години од дваесеттиот век, а работеле така што податоците се припремале на издупчени картички и потоа преку посебни оптички читачи се внесувале во сметачот каде понатаму се вршела обработка на податоците. Резултатот се прикажувал на мониторили со помош на печатач се печателе на хартија. Во седумдесеттите се појавиле џебните пресметувачи, кај нас познати под името дигитрони.
                 
ПРЕЗЕМЕНО ОДhttp://mk.wikipedia.org/wiki/Сметач

Линк до блогот на Давид Славковски:http://david-slavkovski-7ddd.blogspot.com/